Турција жестоко го осуди обидот за воен удар во aвтономната покраина Амхара во Етиопија

Во објавеното писмено соопштение од МНР на Турција се вели: „Жестоко го осудуваме обидот за воен удар против владата на авттономната покраина Амхара во Етиопија во кој загинаа претседателот на автономната влада на Амхара и други високи функционери“

1223974
Турција жестоко го осуди обидот за воен удар во aвтономната покраина Амхара во Етиопија

Турција жестоко го осуди извршениот обид за воен удар против владата на авттономната покраина Амхара во Етиопија во кој загинаа претседателот на автономната влада на Амхара и други високи функционери.

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се вели следното: „Жестоко го осудуваме обидот за воен удар против владата на авттономната покраина Амхара во Етиопија во кој загинаа претседателот на автономната влада на Амхара и други високи функционери.“

Во соопштението се истакнува дека со длабоко жалење е дочекана веста за смртта на началникот на генералштабот на Етиопија во вооружениот напад во Адис Абеба на кој што беше цел поврзано со обидот за воен удар, а воедно се испраќа порака со сочувство до етиопскиот народ и етиопската влада.

Во соопштението стои напишано следното: „Турција повторува дека е против сите обиди во правец на промената по незаконски патишта на владите кои се дојдени на власт со избори, и ја изнесуваме нашата силна поддршка на Етиопија против обидот за воен удар за кој што станува збор.“

Инаку, од страна на канцеларијата на владата на Етиопија беше соопштено дека синоќа вооружена група се обиде да изврши воен удар за соборување на локалната власт во автономната покраина Амхара во северниот дел на земјата и дека овој обид е задушен.

Беше соопштено дека за време на обидот за воен удар се убиени началникот на генералштабот на Етиопија Сеаре Меконен и претседателот на владата на автономната покраина Амхара Амбачев Меконен.



Слични вести