Реџеп Тајјип Ердоган „државник кој ужива најголема поддршка“ во арапските земји

Според спроведената анкета во земјите на Блискиот исток и Западна Африка за „BBC“ редакцијата на арапски јазик, Арапите изразија поддршка од 51 отсто на политиката на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кон Блискиот исток

1224293
Реџеп Тајјип Ердоган „државник кој ужива најголема поддршка“ во арапските земји

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган стана „државник кој ужива најголема поддршка“ во арапските земји.

Според спроведената анкета во земјите на Блискиот исток и Западна Африка за „BBC“ редакцијата на арапски јазик, Арапите изразија поддршка од 51 отсто на политиката на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кон Блискиот исток.

Во анкетата на институцијата за истражување на јавното мислење „Арапски Барометар“ спроведено со 25 илјади 407 лица во земји како Судан, Јордан, Палестина, Алжир, Мароко, Тунис, Јемен, Ирак, Либија, Либан и Египет, најголема поддршка од 51 отсто доби претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на второ место се наоѓа рускиот претседател Владимир Путин со 28 отсто, а на трето место американскиот претседател Доналд Трамп со поддршка од 12 отсто.

Поддршката на претседателот Ердоган во Судан и Јордан се зголеми дури на 75 отсто, додека рускиот претседател Владимир Путин се најде на првото место само во Либија, Либан и Египет.

Според истражувањето, регионалните земји за најголема закана го сметаат Израел, а Јемен и Ирак за најголема закана го сметаат Иран. Во Ирак како втора голема закана се сметаат САД.

Според истражувањето, во арапските земји е намалена и побожноста (религиозноста).

Процентот на оние кои велат дека не се побожни (религиозни) во земјите во кои е спроведено истражувањето, од 8 отсто колку што изнесуваше во 2013 година, сега е зголемен на 13 отсто.

Најголемо оддалечување од религијата се доживува кај населението под 30 годишна возраст и процентот во оваа возрасна група на оние кои велат дека не се побожни (религиозни) изнесува 18 отсто.

Овој процент во Тунис изнесува над 30 отсто и во Либија над 20 отсто, додека само во Јемен овој процент од нивото од околу 10 отсто колку што изнесуваше во 2013 година, сега опадна на некаде околу 5 отсто.



Слични вести