Постојаниот претставник на Турција во НАТО Басат Озтурк: С-400 не претставуваат проблем за НАТО

Постојаниот претставник на Турција во НАТО амбасадорот Басат Озтурк истакна дека противвоздушно одбранбените системи С-400 не претставуваат проблем за НАТО

1224075
Постојаниот претставник на Турција во НАТО Басат Озтурк: С-400 не претставуваат проблем за НАТО

Постојаниот претставник на Турција во НАТО амбасадорот Басат Озтурк во седиштето на Алијансата во главниот град на Белгија, Брисел, даде изјави за новинската агенција Анадолија „АА“ (Anadolu Agency).

Амбасадорот Басат Озтурк истакна дека противвоздушно одбранбените системи С-400 не претставуваат проблем за НАТО.

Како што напомена Озтурк, во врска со одлуката на Турција за купување на С-400 од Русија генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг уште од почетокот вели дека   сојузниците се слободни во купување на системите на оружје кои сакаат да ги купат, но дека е значајно вооружените сили на сојузничките земји да можат да работат заедно.

Басат Озтурк рече: „Прашањето со С-400, од страна на некои средини во Соединетите Американски Држави (САД), беше извадено од неговиот тек и контекст, и беше претворено во поголем билатерален проблем. Во тие рамки одговорноста на САД е голема.“

Велејќи дека на почетокот основната загриженост на САД беше компактабилноста на системите со воената опрема на НАТО, Озтурк истакна дека на тој начин за надминување на овие грижи Турција појасни дека противвоздушно одбранбените системи С-400 нема да бидат интегрирани во системите на НАТО, така да нема да дојде и до одреден проблем.

Басат Озтурк напомена дека САД во последно време му придаде нови димензии на прашањето и го политизира и дека прашањето со С-400 го поврза со набавката на борбените авиони Ф-35, по што привлече внимание дека Турција уште од почетокот е вклучена во проектот за производство на авионите Ф-35 и дека во тие рамки освен тоа што реализира сериозни инвестиции Таа произведува и голем број делови за Ф-35.

Постојаниот претставник на Турција во НАТО амбасадорот Басат Озтурк подвлече дека Турција природно ќе избегнува од можност да дојде до одредена состојба која што би влијаела на опстанокот на Ф-35 и би довела до слабост по прашањето на борбените авиони Ф-35 кои што ќе ги користи и самата, а воедно додаде дека Турција предложи во овие рамки да се формира заедничка работна група во рамките на НАТО, но дека САД не гледаат позитивно на овој нејзин предлог и претпочитаат да се формира заедничка билатерална работна група која пак засега не може да се стави во примена.



Слични вести