Порака со честитики од Ердоган до Имамоглу

Посакувам резултатите од прегласаните избори за градоначалник на градската заедница на Истанбул да бидат за доброто на Истанбул и граѓаните на градот

1223782
Порака со честитики од Ердоган до Имамоглу

Претседателот на државата и владејачката Партија за правда и развој (АКП) Реџеп Тајип Ердоган посака резултатите од прегласаните избори за градоначалник на Истанбул да бидат за доброто на градот и според неофицијалните гласови му честиташе на победникот Екрем Имамоглу.

Во објавата преку профилот на твитер претседателот Ердоган упати честитки на сметка на Екрем Имамоглу кој според неофицијалните резултати победи на изборите за градоначалник на Истанбул.

Ердоган во пораката напиша:

„Посакувам резултатите од прегласаните избори за градоначалник на градската заедница на Истанбул да бидат за доброто на Истанбул и граѓаните на градот. Денес уште еднаш е потврдена волјата на народот. Според неофицијалните податоци, победник на изборите е Екрем Имамоглу. Му честитам на победата.“

Како во минатото, така и во иднина нема да отстапиме од демократијата, владеењето на правото, мирот, просперитетот и стабилноста на земјата. Согласно принципите на Сојузот „Џумхур“ ќе продолжиме по зацртаниот пат и целите предвидени за 2023 година.

По учеството на самитот на Г-20, посетата на Кина и самитите на Јужна Европа и Балканот, Турција согласно националните интереси решително ќе продолжи со решавањето на внатрешните и надворешните проблеми и прашања“ рече Ердоган.



Слични вести