На повторените избори за градоначалник на Истанбул победи Екрем Имамоглу

Според неофицијални резултати Екрем Имамоглу освои 54,21 отсто односно 4 милиони 741 илјади 868 гласа, а неговиот противник Бинали Јилдирим 44,99 отсто односно 3 милиони 935 илјади 453 гласа на истанбулските бирачи

1223758
На повторените избори за градоначалник на Истанбул победи Екрем Имамоглу

Според неофицијални резултати повторените избори за градоначалник на Истанбул ги доби заедничкиот кандидат на Републиканската народна партија (ЏХП) и Партијата ИЈИ Екрем Имамоглу.

На изборите за нов градоначалник на Истанбул кои што беа повторени согласно донесената одлука на Високата изборна комисија (ЈСК) и се одржаа вчера, според неофицијални резултати Екрем Имамоглу освои 54,21 отсто односно 4 милиони 741 илјади 868 гласа, а неговиот противник заедничкиот кандидат на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) и Партијата за национално движење (МХП) Бинали Јилдирим 44,99 отсто односно 3 милиони 935 илјади 453 гласа.

На изборите за кои во избирачкиот список беа регистрирани со право на глас вкупно 10 милиони 570 илјадни 354 гласачи излегоа да гласаат 8 милиони 925 илјади 63 гласачи. 8 милиони 746 илјади гласачки ливчиња беа важечки, а 178 илјади 599 неважечки. Процентот на излезеност на изборите изнесуваше 84,42 отсто.

Кандидатот за нов градоначалник на Истанбул од Партијата за благосостојба (Саадет) Неџдет Ѓокчинар освои 0,55 отсто односно 47 илјади 829 гласа, а кандидатот на Татковинската партија Мустафа Илкер Јуџел 0,17 отсто односно 14 илјади 545 гласа на истанбулските бирачи.



Слични вести