Чавушоглу: Се соочуваме со тешкотии за да го разбереме ставот на САД во врска со С-400

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу уште еднаш појасни дека Турција нема да отстапи по прашањето на ракетните системи С-400 кои ги купи од Русија и дека Турција се соочува со тешкотии за да го разбере ставот на САД по ова прашање

1224229
Чавушоглу: Се соочуваме со тешкотии за да го разбереме ставот на САД во врска со С-400

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара одржа заедничка прес конференција со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Руанда Ричард Сезибера.

Во оваа пригода министерот Чавушоглу уште еднаш појасни дека Турција нема да отстапи по прашањето на ракетните системи С-400 кои ги купи од Русија.

Осврнувајќи се на прашањето кое што доведе до дискусија со Соединетите Американски Држави (САД), Чавушоглу рече: „Чекорите кои што ги фрлаат САД не се во согласност со правото. Се соочуваме со тешкотии за да го разбереме ставот на САД во врска со С-400. Предложивме да се формира заедничка комисија, рековме тоа да биде во рамките на НАТО, САД не одговорија позитивно на овој наш предлог. На тој начин Турција е слободна. Турција повеќе не е земја која тогаш кога САД ќе и речат да купи нешто, ќе купи, а кога ќе и речат да не купува, нема да купува.“

Правејќи проценка и на заканите на Соединетите Американски Држави (САД) со санкции, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Независно од тоа за каква одлука на санкции станува збор, без оглед на тоа каква изјава ќе пристигне од САД, ние ги купивме С-400. Веќе се зборува за тоа кога ќе и бидат предадени на Турција. Не е можно да се откажеме од С-400.“



Слични вести