Лидерите гласаа на прегласувањето на изборот за градоначалник на Истанбул

Ердоган: „Граѓаните на Истанбул ќе донесат најисправна одлука“

1223484
Лидерите гласаа на прегласувањето на изборот за градоначалник на Истанбул

Денес граѓаните на Истанбул повторно гласаа за изборот на градоначалникот на градската заедница на градот.

На трката за избор за градоначалник се натпреваруваат четири кандидати и тоа Бинали Јилдирим, заеднички кандидат на владејачката Партија за правда и развој (АКП) и Партијата за национално движење (Сојузот „Џумхур“), Екрем Имамоглу заеднички кандидат на опозиционите партии Републиканска народна партија (ЏХП) и Партијата ИЈИ (Сојузот „Милет“), Неџдет Ѓокчинар, кандидат на Партијата за благосостојба и Мустафа Илкер Јолџу, кандидат на татковинската партија.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган гласаше во изборната единица Кисикли во Усќудар.

Ердоган на гласањето дојде заедно со сопругата Емине Ердоган, министерот за финансии Верат Албајрак и сопругата Есра Албајрак.

Ердоган во оваа прилика рече дека „граѓаните на Истанбул ќе донесат најисправна одлука“.

Претседателот на големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп гласаше во изборната единица во Усќудар и во оваа прилика рече дека „Аирлија да е за земјата и народот“.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу гласаше во изборната единица во Газиосманпаша и за новинарите рече дека во период кога денес гласаме за новиот градоначалник, Турција истовремено води успешна борба против тероризмот.

Претседателот на партијата ИЈИ Мерал Акшенер на гласањето во Бејлербеји рече „Аирлија нека е“.

Заедничкиот кандидат на Сојузот „Џумхур“, Бинали Јилдирим заедно со сопругата гласаше во Тузла. Јилдирим за новинарите рече дека ќе ја почитуваат секоја одлука на народот.

Екрем Имамоглу, заедничкиот кандидат на Сојузот „Милет“ заедно со сопругата гласаа во Бејликдузу. Имамоглу во оваа прилика рече: „Верувам дека во името на демократијата, на Истанбул, легитимноста на сите претстојни избори во иднина граѓаните ќе донесат најисправна одлука“.



Слични вести