Реакција од МНР на Турција: Грција го прекршува Лозанскиот мировен договор

МНР на Турција реагираше на одлуката на Грција која содржи регулативи во врска со муфтиствата со кои што се прекршува Лозанскиот мировен договор

1223123
Реакција од МНР на Турција: Грција го прекршува Лозанскиот мировен договор

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека Грција со одлуката која што содржи регулативи во врска со муфтиствата го прекршува Лозанскиот мировен договор.

Аксој во дадениот писмен одговор на едно поставено прашање истакна дека одлуката за која станува збор беше поставена на дневен ред во август 2018 година и со право  наиде на силни реакции кај турското малцинство. 

Хами Аксој напомена дека со оваа одлука се изоставуваат од вид правата на турското малцинство во Грција кои што со Лозанскиот мировен договор се земаат под гаранција на основа на пропорционалност.

Привлекувајќи внимание дека со одлуката се елиминира автономноста на муфтиството како институција и оваа институција се претвара во државна институција, Аксој рече: "Грција со тоа што не ги признава муфтиите кои се избираат од страна на турското малцинство го прекршува Лозанскиот мировен договор." 

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој укажа на тоа дека одлуката за која станува збор никако не е прифатлива од аспект на турското малцинство. 

"Она што треба да го направи Грција е да ги признае легитимно избраните муфтии од страна на малцинството и да се откаже од грешката за насилно наметнување на незаконски назначените муфтии. Освен тоа очекуваме од Грција да ги применува одлуките на Европскиот суд за човекови права во врска со граѓанските здруженија-организации кои што ги забранува само поради тоа што во нивното име се наоѓа зборот 'турски, Турчин', да обезбеди малцинствата да располагаат со целосно право на збор над вакафските управи и вакафските имоти, повторно да ги прими во државјанство припадниците на малцинствата кои се извадени од државјанство согласно поништениот член број 19 од грчкиот закон за државјанство." - порача портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој. 



Слични вести