Граѓаните на Истанбул утре ќе гласаат за избор на нов градоначалник

На утрешните избори за избор на новиот градоначалник на Истанбул во избирачкиот список се регистрирани со право на глас 10 милиони 560 илјади 963 гласачи

1223222
Граѓаните на Истанбул утре ќе гласаат за избор на нов градоначалник

Граѓаните на Истанбул на утрешните избори ќе излезат да гласаат за новиот градоначалник на Истанбул со мандат од 5 години.

На изборите се натпреваруваат четворица кандидати и тоа на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) и Партијата за национално движење (МХП) како заеднички кандидат на "Сојузот Џумхур" Бинали Јилдирим, на Народната Републиканска партија (ЏХП) и Партијата ИЈИ како заеднички кандидат на "Сојузот Миллет" Екрем Имамоглу, кандидатот на Партијата за благосостојба (Саадет) Неџдет Ѓокчинар и кандидатот на Татковинската партија Мустафа Илкер Јуџел.

На утрешните избори во 39 населени места на Истанбул со право на глас во избирачкиот список се регистрирани вкупно 10 милиони 560 илјади 963 гласачи.

Инаку, по одржаните локални избори на 31 март на доставениот приговор на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) Високиот изборен совет (ЈСК) на Турција поради нерегуларности и пропусти донесе одлука за поништување и повторување на изборот за градоначалник на Истанбул.



Слични вести