Претседателот Ердоган во сарајот Долмабахче во Истанбул го прими Нечирван Барзани

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата канцеларија во сарајот Долмабахче во Истанбул го прими новоизбраниот претседател на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани

1222991
Претседателот Ердоган во сарајот Долмабахче во Истанбул го прими Нечирван Барзани

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими новоизбраниот претседател на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани кој по седнувањето на претседателската фотелја својата прва надворешна посета ја остварува на Турција.

Приемот се одржа во канцеларијата на претседателот Ердоган во сарајот Долмабахче во Истанбул.

Средбата на претседателот Ердоган со Нечирван Барзани беше затворена за медиумите и траеше приближно еден и пол час. 

Претседателот Ердоган соопшти дека ќе го прими денеска Нечирван Барзани, на синоќашната заедничка емисија во живо преку телевизиските екрани и социјалните медиуми каде што одговараше на прашањата на новинарите посветени на актуелниот дневен ред.

Новоизбраниот претседател на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани на 10 јуни положи заклетва и вчера својата прва официјална посета ја оствари на Багдад.

Инаку, по одржаниот референдум за независност што се одржа во септември 2017 година поранешниот претседател на Регионалната курдска управа на Ирак Месут Барзани беше приморен да ја напушти должноста, а потоа по празнината која што траеше подолго од една година на одржаната седница на Парламентот на Регионалната курдска управа на Ирак  и мај со освоени 68 гласа за нов претседател беше избран Нечирван Барзани.



Слични вести