Турција го испрати во Средоземното Море и својот втор брод за длабоко дупчење „Јавуз“

Денеска во Средоземното Море беше испратен и вториот брод за подводно длабоко дупчење „Јавуз“ кој располага со способност да врши дупчење до 12.200 метри длабочина и кој е долг 229,6 метри, широк 36 метри и располага со 130 метри висока кула за дупчење

1222136
Турција го испрати во Средоземното Море и својот втор брод за длабоко дупчење „Јавуз“

По бродот за длабоко дупчење „Фатих“ Турција денеска во водите на Средоземното Море денеска го испрати и својот втор брод за длабоко подводно дупчење „Јавуз“.

На церемонијата на свечено испраќање на бродот за длабоко дупчење „Јавуз“ во Средоземното Море, што се одржа во пристаништето Белде во Диловаси кај градот Коџаели, беше прочитана и писмената порака што ја испрати претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот Ердоган во оваа своја порака им посака успех на бродот „Јавуз“ и посадата за време на оваа нивна историска задача што ја презедоа.

Ердоган истакна дека Турција заедно со своите сопствени интереси во регионот ќе продолжи да ги брани интересите и на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

„Бродот 'Јавуз' кој што денеска го испраќаме со церемонија (во Средоземното Море) претставува најконкретен и најјасен израз на оваа одлучност на Турција.“ - рече претседателот Ердоган.

Укажувајќи на тоа дека исто како и другите крајбрежни земји и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) располага со права и интереси во енергетските ресурси во Источниот Медитеран, Ердоган напомена дека во тие рамки приоритетна задача и на Турција како една од трите гаранторски земји е да бидат одбранети овие права на кипарските Турци кои произлегуваат од меѓународното право.

„Турција како досега, така и во иднина заедно со своите сопствени интереси ќе продолжи да ги брани интересите и на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Бродот 'Јавуз' кој што денеска го испраќаме со церемонија претставува најконкретен и најјасен израз на оваа одлучност на Турција.  Иншаллах, верувам дека во скоро време ќе добиеме радосни вести и од нашиот брод 'Фатих' кој во моментов се наоѓа во регионот, и од нашиот брод 'Јавуз' .“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата писмена порака.

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез исто така учествуваше на церемонијата на свечено испраќање во Средоземното Море и на вториот брод на Турција за подводно длабоко дупчење „Јавуз“.

Во говорот што го одржа во оваа пригода министерот Донмез рече: „Кипарско-грчкиот дел не може да донесува одлука и да има ниту право на збор во однос на никое прашање кое што го засега целиот остров Кипар.

Изјава во врска со бродот за дупчење „Јавуз“ кој што отплови кон Средоземното Морем пристигна и од министерот за трезор и финансии Берат Албајрак.

Министерот Албајрак во пораката што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Продолжуваме да ги фрламе сите неопходни чекори за интересите на нашата земја и нашиот народ. По 'Фатих' денеска кон Средоземното Море отплови и нашиот втор брод за истражување и дупчење (сондажа) 'Хавуз' .“

Инаку, бродот за „Јавуз“ е вториот брод за длабоко подводно дупчење на Турција.

Во светот има 16 од овие видови бродови од кои 2 и припаѓаат на Турција.

Бродот со способност да врши дупчење (сондажа) до 12.200 метри длабочина, е долг 229,6 метри, широк 36 метри и располага со 130 метри висока кула за дупчење.

Бродот „Јавуз“ им пружа конфор на оние кои работат на него и во просториите за престој.

Така внатре во овој брод има кино сала, спортска сала и соби за одморање и една мала болница со 4 легла, како и еден лекар.

Бродот „Јавуз“ располага со систем „Dynamic Positioning“. Дупчењето може да продолжи без проблеми дури и за време на појава на бранови високи до 6 метри.

Од аспект на техничките карактеристики располага со исти карактеристики како и бродот за дупчење (сондажа) „Фатих“.



Слични вести