Ердоган: „Турција ќе направи се што е потребно за да му се суди на Египет“

„Мурси не умре од природна смрт, туку е убиен“ рече Ердоган

1221473
Ердоган: „Турција ќе направи се што е потребно за да му се суди на Египет“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција ќе направи се што е потребно за да му се суди на Египет на меѓународен суд.

Во говорот на свеченото колективно отворање во Санџактепе во Истанбул, претседателот Ердоган во врска со смртта на првиот и единствен египетски претседател кој беше избран со демократски избори Мухамед Мурси рече:

„Мурси не умре од природна смрт, туку е убиен. За жал Мурси 20 минути се бори со смртта во судницата во која му се судеше. Тамошните надлежни воопшто не реагираат и преземаат никаква интервенција во врска зо здравствената состојба на Мурси. Турција активно ќе ги следи случувањата во врска со смртта на Мурси. Ќе направиме се што е во наша можност за судење на Египет на меѓународен суд. Ја повикуваме Организацијата за исламска соработка да преземе потребни активности и иницијативи на тоа поле бидејќи еден од условите е и Организацијата да ја исполни својата должност и обврска“ рече Ердоган.



Слични вести