Втората средба за развивање на соработката во Егејското Море ќе се одржи од 17 до 21 јуни во Анкара

Втората средба помеѓу делегациите на министерствата за одбрана на Турција и Грција за развивање на соработката во Егејското Море, на чело и со мерките за зголемување на довербата помеѓу двете земји, ќе се одржи од 17 до 21 јуни во Анкара

1219567
Втората средба за развивање на соработката во Егејското Море ќе се одржи од 17 до 21 јуни во Анкара

Втората средба помеѓу делегациите на министерствата за одбрана на Турција и Грција во рамките на разговорите за развивање на соработката помеѓу двете земји во Егејското Море, ќе се одржи од 17 до 21 јуни во Анкара.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се вели следното: „Втората средба од разговорите кои што се одржуваат помеѓу делегациите на министерствата за одбрана на Турција и Грција, со цел развивање на соработката во Егејското Море, на чело и со мерките за зголемување на довербата помеѓу двете земји, ќе се одржи од 17 до 21 јуни во Анкара.“

Делегациите на министерствата за одбрана на двете земји првата средба од овој вид ја одржаа во периодот од  20 до 25 мај во главниот град на Грција, Атина.

Во оваа пригода, помеѓу двете делегации беа одржани технички разговори, а со цел развивање на соработката помеѓу двете земји, на чело со мерките за зголемување на довербата во Егејското Море и правилата на однесување во овој регион.



Слични вести