Во Егејското Море во близина на Бодрум потона чамец со илегални имигранти

Во водите на Егејското Море во близина на туристичкото одморалиште Бодрум потона чамец на кој се наоѓале приближно 40 илегални имигранти од кои 31 лице биле спасени, биле извлечени мртвите тела на 12 удавени лица, а продолжува да се трага по исчезнатите

1219574
Во Егејското Море во близина на Бодрум потона чамец со илегални имигранти

При потонување на чамец на кој се наоѓале илегални имигранти во водите на Егејското Море во близина на познатото туристичко одморалиште Бодрум кај градот Мугла, животот го загубија 12 лица, а 31 лице беа спасени од страна на екипите на турската крајбрежна стража.

По добиени информации за потонување на чамец со иелгални имигранти во близина на месноста Хусејин Бурну ('ртот Хусејин) во Егејското Море на местото на настанот беа испратени голем број екипи, два чамци на крајбрежната стража, еден тим за нуркање и хеликоптер на турската крајбрежна стража.

По реализираните активности за пребарување од естрана на екипите на Командата на крајбрежната стража беа спасени 31 илегален имигрант.

Нуркачите ги извадија од морето и мртвите тела на 12 мина удавени лица.

Телата на удавените илегални имигранти се однесени во мртовечниците на болниците во Бодрум.

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување по лицата кои се водат како исчезнати кои се наоѓале на чамецот кој што потонат на длабочина од 34 метри под морето.

Според изјавата спасените на потонатиот чамец се наоѓале приближно 40 илегални имигранти.

 

 



Слични вести