Ердоган: Ако затреба во Источниот Медитеран покрај нашите бродови ќе ги вклучиме и нашите фрегати и авиони

Претседателот Ердоган истакна дека за одбрана на правата на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Источниот Медитеран ако затреба покрај бродовите за истражување и дупчење, ќе го заземат своето место и фрегатите и авионите

1219410
Ердоган: Ако затреба во Источниот Медитеран покрај нашите бродови ќе ги вклучиме и нашите фрегати и авиони

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во Истанбул говореше на церемонијата на доделување на наградите „Шампиони на извозот“ на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) каде што даде значајни изјави.

Ердоган се осврна на ситуацијата во Источниот Медитеран и истакна дека за одбрана на правата на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во овој регион ако затреба покрај бродовите за истражување и дупчење кои што ги продолжуваат своите активности, ќе го заземат своето место и фрегатите и авионите.

Тој рече: „Ако има такви кои истражувањата за нафта и природен гас во Источниот Медитеран ги сметаат за нешто обично, значи дека не се разбираат ништво по ова прашање. Ние ги реализираме нашите истражувања на места кои што се одделени за нас. Имаме 4 наши бродови, два од нив се за дупчење (сондажа), а два за истражување. Овие бродови веќе ни припаѓаат нам. Доколку некој посегне по нешто, ние ги продолжуваме нашите активности ако затреба со заземање место покрај нашите бродови и со сите наши фрегати и бродови. Издале налог за апсење на персоналот на нашите бродови, но залудно. Кого ќе уапсете? Ние ќе го браниме нашиот персонал таму. Моментално нашите активности продолжуваат.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган покажа реакција и на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со Источниот Медитеран во врска со што го подвлече следното: „Францускиот претседател бара да се повлечеме од истражувањата. Што велиш ти, ние овде имаме свое крајбрежје, ние сме гарантори на Кипар. Кој си ти? Ние ја знаеме тежината на нашиот товар. Меѓутоа ти не си свесен за тој товар.“

 

 



Слични вести