Претседателот Ердоган се врати од Самитот на CICA во Душанбе и информираше за своите тамошни средби

Претседателот Ердоган а својата сметка на социјалната мрежа Твитер направи проценка на оваа своја посета за која што посака Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (CICA) да биде повод за добри работи за светот

1219230
Претседателот Ердоган се врати од Самитот на CICA во Душанбе и информираше за своите тамошни средби

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по 5. Самит на шефови на држави и премиери на влади на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (CICA) кој што се одржа вчера во главниот град на Таџикистан, Душанбе, се врати во земјата.

Ердоган на својата сметка на социјалната мрежа Твитер направи проценка на оваа своја посета за која што посака Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (CICA) да биде повод за добри работи за светот.

Претседателот Ердоган во својата објава напиша: „Во говорот што го одржав на самитот истакнав дека регионалните и глобалните случувања за жал доведоа во светот да завладее (доминира) безредието, а не редот, и дека ние како Турција сме во обид да ги обликуваме днамиките во нашето опкружување во правец на мирот, просперитетот и стабилноста. Истакнав дека Конференцијата би можела да биде платформа на која би можеле да фрлиме заеднички чекори пред различните видови проблеми на чело со Сирија, проблемот со тероризмот, едностраните санкции кои што ги поткопуваат мирот и стабилноста и обидите за создавање на состојби на свршен чин во однос на прашања кои што содржат глобална и регионална чувствителност како што е прашањето со Ерусалим (Кудс).“

Нагласувајќи дека на маргините на конференцијата и самитот оствари и низа билатерални средби и разговори, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Со иранскиот претседател Хасан Рухани, кинескиот претседател Ши Џинпинг, узбечкиот претседател Шевкет Мирзијојев и катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани остваривме продуктивни разговори кои што ќе станат повод за зајакнување на односите помеѓу нашите земји. Посакувам Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (CICA) да биде повод за добрини за нашиот свет. На чело на домаќинот Таџикистан и на шефовите на држави и премиери на влади на сите земји членки им благодарам за нивната поддршка на оваа значајна платформа.“



Слични вести