Претседателот Ердоган на маргините на самитот на CICA во Душанбе остварува и билатерални средби

Претседателот Ердоган во главниот град на Таџикистан, Душанбе, каде што престојува по повод 5. Самит на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (CICA) продолжува да остварува и низа билатерални средби

1219046
Претседателот Ердоган на маргините на самитот на CICA во Душанбе остварува и билатерални средби
hun sen-erdogan.jpg
abdullah-erdogan.jpg
al sani-erdogan.jpg
Erdogan özbekistan.jpg
erdogan xi si.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган  во главниот град на Таџикистан, Душанбе, каде што допатува по повод 5. Самит на шефови на држави и премиери на влади на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (CICA), остварува и низа билатерални средби.

Ердоган на маргините на самитот одделно се состана со претседателот на Извршниот совет на Авганистан Абдулах Абдулах и со премиерот на Камбоџа Хун Сен.

За време на овие средби присуствуваа и делегациите на страните.

Претходно претседателот Ердоган се состана и со катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани.

На средбата присуствуваа и министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу и министерот за трезор и финансии Берат Албајрак. 

Освен тоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган одржа средба и со претседателот на Узбекистан Шевкет Мирзијојев.

На ваа средба присуствуваа и министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун и портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин.

Претседателот Ердоган воедно се состана и со домаќинот претседателот на Таџикистан Имамали Рахман и со кинескиот претседател Ши Џинпинг, а претходно во текот на денот имаше средба и со претседателот на Русија Владимир Путин и со иранскиот претседател Хасан Рухани.



Слични вести