Во реализирани операции кај градовите Мардин и Бинѓол се нетрализирани четворица терористи на ПКК

Во операциите поддржани и од воздух се неутрализирани вкупно четворица терористи на ПКК, од кои двајца во руралното подрачје Омерјан во близина на населеното место Нусајбин кај Мардин, а двајца во руралното подрачје на населеното место Адакли кај Бинѓол

1217726
Во реализирани операции кај градовите Мардин и Бинѓол се нетрализирани четворица терористи на ПКК

Во реализирани операции поддржани и од воздух во подрачјата на градовите Мардин и Бинѓол во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека во операциите на Турските вооружени сили (ТВС) поддржани и од воздух се неутрализирани вкупно четворица терористи на ПКК, од кои двајца во руралното подрачје Омерјан во близина на населеното место Нусајбин кај градот Мардин, а двајца во руралното подрачје на населеното место Адакли кај градот Бинѓол.

Во соопштенеито се вели дека операциите во наведените подрачја продолжуваат.

Во операција поддржана од воздух во руралното подрачје на населеното место Чалдиран кај градот Ван пак, се неутрализирани двајца терористи на ПКК.

Од друга страна, во рамките на операцијата „Шепа“ („Pençe“) која што продолжува успешно во областа Хакурк во северниот дел на Ирак во реализирана воздушна операција се уништени нови засолништа, скривници и складишта за муниција кои биле користени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.  



Слични вести