Турција им достави нови докази на САД за екстрадиција на челникот на ФЕТО

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул истакна дека Турција ги доставува од прва рака до своите соговорници  сите свои тези по прашањето на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО

1217530
Турција им достави нови докази на САД за екстрадиција на челникот на ФЕТО

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул истакна дека на неговиот американски колега Вилијам Бар му се доставени нови докази во врска со екстрадицијата на челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО Фетулах Ѓулен. 

Министерот Ѓул нагласи дека Турција ги доставува од прва рака до своите соговорници  сите свои тези по прашањето на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО. 

Абдулхамит Ѓул ја изнесе следната констатација: „Разговаравме обемно во врска со екстрадицијата на челникот на ФЕТО, која што претставува мошне значајно прашање за Турција. Ги споделивме со нив доказите и документите со кои што се изнесува на виделина директната врска на ФЕТО со обидот за воен удар на 15 јули (2016). Овие нови и значајни докази му ги доставивме директно на господинот секретар. И господинот секретар рече дека лично ќе го следи ова прашање и лично ќе се залага за процесот. Се надевам дека ќе дојде до очекувани резултати (случувања) по ова прашање.“

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул истакна дека американскиот секретар за правда Вилијам Бар е искусен правник и дека директното доставување до него на министерско ниво на доказите во врска со Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО за кои станува збор е значајно во име на забрзување на процесот.



Слични вести