Хулуси Акар и Патрик Шанахан разговараа телефонски за С-400 и Ф-35

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар ја изнесе вознемиреноста од недоличниот стил (начин на изразување) и приод на неговиот американски колега во писмото кое што го испрати минатата недела во врска со противвоздушно одбранбените системи С-400

1218065
Хулуси Акар и Патрик Шанахан разговараа телефонски за С-400 и Ф-35

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со вршителот на должноста секретар за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) Патрик Шанахан.

Во телефонскиот разговор, министерот Акар ја изнесе вознемиреноста од недоличниот стил (начин на изразување) и приод на неговиот американски колега во писмото кое што го испрати минатата недела во врска со противвоздушно одбранбените системи С-400, а за кое што рече дека не се усогласува со духот на сојузништвото.

Во разговорот стана збор и за билатералните односи помеѓу САД и Турција, а пред се за борбените авиони Ф-35, како и за прашања посветени на регионалната безбедност и одбранбената соработка. Освен тоа беа изнесени и взаемните ставови и барања.

Хулуси Акар и Патрик Шанахан постигнаа согласност по прашањето на состанување за време на состанокот на министрите за одбрана на НАТО што ќе се одржи на крајот на овој месец во главниот ргад на Белгија, Брисел, а со цел продолжување на дијалогот помеѓу двете земји.

Инаку, вршителот на должноста секретар за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) Патрик Шанахан минатата недела испрати писмо до министерот за национална одбрана Хулуси Акар во кое истакна дека доколку Турција до 31 јули не се откаже од противвоздушно одбранбените системи С-400 ќе биде прекината обуката на турските пилоти и дека Турција ќе биде исклучена од програмата за производство на борбените авиони Ф-35.



Слични вести