Ердоган: „Не велам дека ќе купиме, ние веќе го купивме воздушно-одбранбениот систем С-400 “
Освен поволната цена што ја добивме, Турција договорот го потпиша со ветување дека ќе учествува и во зедничкото производство на системот С-400

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го повтори ставот дека нема отстапки од купувањето на воздушно-одбранбениот систем С-400 од Русија.
Ердоган подвлече дека испораката на добранбениот систем на Турција ќе се биде остварен идниот месец.
Во говорот на седницата на пратеничката група на АК партијата во Собранието, претседателот Ердоган одговори на критиките на САД во врска со откупот на воздушно-одбранбениот систем С-400 и рече:
„Не велам дека ќе купиме, ние го купивме воздушно-одбранбениот систем С-400. Оваа работа ја завршивме.
Освен поволната цена што ја добивме, Турција договорот го потпиша со ветување дека ќе учествува и во зедничкото производство на системот С-400“.
Во врска со случувањата во Средоземното море Ердоган рече:
„Нема да дозволиме остварување на ниту една иницијатива доколку не бидат земени во предвид правата и интересите на Турција и Кипарските Турци. Во врска со ова прашање на масата се наоѓаат сите опции“.
Во врска со терористичките гнезда вгнездени во Сирија претседателот Ердоган рече дека „како што го скршивме терористичкиот коридор на северот на Ирак кој се обидуваат да го формираат по должината на нашата граница на линијата Џераблус-Африн, исто така ќе го уништиме и коридорот источно од Еуфрат“.
Слични вести

Претседателот Ердоган: Ја продолжуваме изградбата на голема и силна Турција
Претседателот Реџеp Тајјип Ердоган истакна дека ја продолжуваат изградбата на голема и силна Турција