Реакција од МНР на Турција на усвоената одлука во Претставничкиот дом на САД

Од страна на МНР на Турција е објавено писмено соопштение во врска со усвоената одлука вчера во Претставничкиот дом на САД под наслов „Изнесување на грижите во однос на сојузништвото помеѓу САД и Турција“

1216217
Реакција од МНР на Турција на усвоената одлука во Претставничкиот дом на САД

Турција соопшти дека усвоената одлука во Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД) под наслов „Изнесување на грижите во однос на сојузништвото помеѓу САД и Турција“ никако не се усогласува со коренитите пријателски и сојузнички односи помеѓу двете земји.

Од страна на турското Министерство за надворешни работи е објавено писмено соопштение во врска со усвоената одлука вчера во Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД) под наслов „Изнесување на грижите во однос на сојузништвото помеѓу САД и Турција“.

Во писменото соопштение во врска со одлуката за која станува збор се вели следното: „Одлуката никако не се усогласува со коренитите пријателски и сојузнички односи помеѓу двете земји. Апсолутно не може да се прифатат неправедните и неосновани тврдења на кои што им се одделува место во одлуката, во врска со надворешната политика и судството на Турција.“

Во соопштението се укажува на тоа дека Турција секогаш нагласува оти најефикасниот пат за надминување на разидувањата во ставовите помеѓу пријателските и сојузничките земји, е дијалогот и да се покажува почит кон суверените одлуки на земјите. 

„Наместо тоа е неприфатливо да се донесуваат одлуки кои што никко не се обврзувачки и кои не се во услуга на зголемување на меѓусебната доверба, да се продолжува да се задржуваат на дневен ред јазикот (реториката) на закана и санкции и да се поставуваат одредени вештачки рокови.“ - се подвлекува во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи.



Слични вести