Повик од потпретседателот Фуат Октај до светот за борба против ФЕТО

Потпретседателот на државата Фуат Октај истакна дека сите држави треба и тоа е и природно да ги раскинат своите деловни договори со оние кои се поврзани со терористичките организации како што е Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)

1216427
Повик од потпретседателот Фуат Октај до светот за борба против ФЕТО

Потпретседателот на државата Фуат Октај им се обрати на учесниците на 108. Меѓународна конференција за труд на ИЛО која што започна вчера во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во швајцарскиот град Женева.

Октај во своето излагање на седницата на високо ниво потсеи дека за време на неуспешниот обид за воен удар на 15 јули 2016 година извршен од страна на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) животот го загубија 251 турски граѓанин, а повеќе од 2 илјади граѓани беа ранети.

Фуат Октај нагласи дека сите држави треба и тоа е и природно да ги раскинат своите деловни договори со оние кои се поврзани со терористичките организации како што е Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

Тој напомена дека ФЕТО која се обиде да изврши воен удар е терористичка организација која има за цел да изврши напад врз демократските институции и просперитетот на народот на Турција.

Нагласувајќи дека од витално значење е да се располага со знаење за методите на работа во борбата против оваа криминална организација која цели кон соборување на претседателот на државата и уставниот поредок во Турција, Фуат Октај истакна дека треба да се затворат здруженијата на ФЕТО кои што се организирани под идентитетот на трговски здруженија (заедници) и дека не треба да се дозволи истите да се искористат против Турција, на меѓународни платформи.

Октај во своето излагање стави акцент на тоа дека е природно право на сите држави и јавни и приватни институции и организации да ги раскинат склучените деловни договори со оние кои се поврзани со терористички организации како што е ФЕТО.

„Треба да се приоѓа беспристрасно и кон раскинување на деловните договори на терористите на ФЕТО која е вгнездена во државните институции. Многу е залажувачка и перцепцијата на оштетеност и на имиџ која што се обидува да се создаде од страна на терористите припадници на ФЕТО. Во независните и самостојните судови продолжуваат судските процеси и меѓународните организации треба да покажат почит кон одлуките на судовите.“ - рече потпретседателот на државата Фуат Октај.



Слични вести