Фуат Октај повика на споделување на товарот и одговорноста по прашањето на човечката трагедија во Сирија

Потпретседателот на државата Фуат Октај упати повик до меѓународната заедница за споделување на товарот и одговорноста по прашањето на човечката трагедија во Сирија

1216584
Фуат Октај повика на споделување на товарот и одговорноста по прашањето на човечката трагедија во Сирија

Потпретседателот на државата Фуат Октај им се обрати на учесниците на седницата на високо ниво на 108. конференција на Организацијата за труд (ИЛО) која што започна вчера во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во швајцарскиот град Женева.

Октај во оваа пригода упати повик до меѓународната заедница за споделување на товарот и одговорноста по прашањето на човечката трагедија во Сирија.

Велејќи дека не треба да се изостави од вид трагедијата во Сирија која што започна во март 2011 година, Октај нагласи дека оваа војна која остави зад себе 8 години стана причина за доживување на најгоклемата мигрантска криза од крајот на Втората светска војна досега.

Тој потсети дека Турција ги отвори своите врати за повеќе од 4 милиони Сиријци кои избегаа од насилството, теророт, граѓанската војна и притисокот во нивната земја и дека  вкупната финансиска помош која што им е доставена на овие лица кои се наоѓаат под привремена заштита изнесува над 37 милијарди долари.

„Искрено верувам дека оваа човечка трагедија со која што сме соочени би можела да релаксира само доколку меѓународната заедница ги сподели товарот и одговорноста. Затоа географската блискост не треба да ја доведе ниту една земја во состојба на единствена одговорна земја која сама ќе треба да го сноси тој товар.“ - рече Октај.

Тој воедно напомена дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе учествува на Глобалниот форум за бегалци кој што ќе се одржи кон крајот на годината во градот Женева во Швајцарија.

Укажувајќи на тоа дека мигрантите обезбедуваат значајни придонеси за економиите на земјите во кои живеат, потпретседателот на државата Фуат Октај рече: „Меѓутоа, негативните стереотипи, непријателството кон странците и дискриминацијата со кои што се соочуваат мигрантите и бегалците уште повеќе ги влошуваат трагичните услови во кои што живеат. Доколку се ракови ефикасно со миграцијата може да доведе до состојба добивај-добивај (win-win) за мигрантите (бегалците) и за земјите домаќини. Владите, освен подобрување на условите за живот и работа, треба да ги изнајдат и патиштата за водење борба против неприфатливите тенденции како што се антимигрантските чувства и непријателството кон странците.“



Слични вести