Фахреттин Алтун: Нападите врз двете џамии во Германија се одраз на непријателството кон исламот

Шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Фахреттин Алтун истакна дека извршените напади врз џамиите во германските градови Бремен и Касел се одраз на непријателството кон исламот кој што со секој поминат ден се повеќе расте во светот

1216286
Фахреттин Алтун: Нападите врз двете џамии во Германија се одраз на непријателството кон исламот

Шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателот, Фахреттин Алтун на својата сметка преку социјалната мрежа Твитер објави соопштение во врска со извршените напади врз две џамии во Германија, на крајот од неделата.

Алтун истакна дека извршените напади врз џамиите во германските градови Бремен и Касел се одраз на непријателството кон исламот кој што со секој поминат ден се повеќе расте во светот.

Фахреттин Алтун ја изнесе следната констатација: „Доколку не се води борба на глобално ниво против  антиисламизмот светскиот мир ќе продолжи да се соочува со големи закани. Западниот свет се соочува со нов вид на расизам. Овој ветар на расизам пред се им се заканува на демократските вредности, свеста на јавен простор и идејата за глобален мир и и наштетува на нашата заедничка иднина. Дојдете сите заедно да се бориме против сите форми на расизмот.“

 



Слични вести