За 15 дена во операцијата „Шепа“ се доведени во неупотреблива состојба 100 пештери и засолништа

Со одлучност продолжува операцијата „Шепа“ која што започна на 27 мај и во чии рамки за 15 дена се доведени во неупотреблива состојба 100 пештери и засолништа на терористите, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1215952
За 15 дена во операцијата „Шепа“ се доведени во неупотреблива состојба 100 пештери и засолништа

Во рамките на операцијата „Шепа“ („Pençe“) во областа Хакурк во северниот дел на Ирак која што продолжува веќе 15 дена досега се доведени во неупотреблива состојба 100 пештери и засолништа на терористите.

Според објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана, со одлучност продолжува операцијата „Шепа“ против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, која што започна на 27 мај.

И покрај тешките услови на теренот командоските единици една по една ги пребаруваат и уништуваат пештерите и засолништата кои што се употребуваат од страна на терористите на ПКК, а воедно се демонтираат и уништуваат и поставените мини и експлозивни направи од рачна изработка. 

За 15 дена колку што продолжува операцијата досега се неутрализирани вкупно 43 терористи припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Денеска на 15-от ден од операција се утврдени и уништени уште 24 мини и експлозивни направи од рачна изработка.

На тој начин бројот на досега уништените мини и експлозивни направи од рачна изработка се зголеми на 77.

Од почетокот на операцијата досега се доведени во неупотреблива состојба 100 пештери и засолништа кои биле користени од страна на терористите.

Во засолништата беа зпленети големи количина на оружје и муниција за нив, како и големи количини на материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.



Слични вести