Потпретседателот Октај се состана со претседателката на Генералното Собрание на ОН Еспиноза

Потпретседателот Фуат Октај во швајцарскиот град Женева каде што отпатува по повод 108. Меѓународна конференција за труд се состана со претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН)  Марија Фернанда Еспиноза Гарцес

1215819
Потпретседателот Октај се состана со претседателката на Генералното Собрание на ОН Еспиноза

Потпретседателот Фуат Октај во швајцарскиот град Женева се состана со претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН)  Марија Фернанда Еспиноза Гарцес.

Октај во Женева отпатува за учество на 108. Меѓународна конференција за труд на која учествуваат шефови на држави и премиери на 30 земји членки на Меѓународната организација за труд (ИЛО).

На маргините на конференцијата потпретседателот Фуат Октај остварува и низа билатерални средби.

Во тие рамки Октај се состана со претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН)  Марија Фернанда Еспиноза Гарцес.

На средбата присуствуваа и министерката за семејство, труд и социјални услуги Зехра Зумрут Селчук и постојаниот претставник на Турција во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева амбасадорот Садик Аслан.

На средбата беше разговарано за уште повеќе развивање на соработката меѓу Турција и Обединетите нации (ОН).

Во тие рамки на средбата беше нагласена поддршката на Турција на целите за одржлив развој, а воедно беа разменети мислења во врска со значењето на Технолошката банка на Обеиднетите нации (ОН), работите за реформа во Обединетите нации (ОН) и Младинскиот центар на ОН кој што ќе биде отворен во Истанбул.



Слични вести