Поддршка од претседателот Ердоган до турските фудбалери во Исланд: Бидете максимално мотивирани, турскиот народ е со вас

Претседателот Ердоган својата поддршка до турската фудбалска репрезентација ја достави до претседателот на Турската фудбалска репрезентација (ТФФ) Нихат Оздемир со зборовите: Нашите фудбалери нека бидат максимално мотивирани, турскиот народ е со нив“

1216003
Поддршка од претседателот Ердоган до турските фудбалери во Исланд: Бидете максимално мотивирани, турскиот народ е со вас

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во врска со лошиот третман и повеќечасовната контрола на кои беше подложена екипата на турската фудбалска репрезентација на аеродромот Кефлавик во Исланд, каде што пристигна за натпреварот во групата „Х“ од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020, разговараше телефонски со претседателот на Турската фудбалска федерација (ТФФ) Нихат Оздемир.

Ердоган во телефонскиот разговор со Оздемир истакна дека државата ги презема сите иницијативи и неопходните мерки по прашањето и нагласи дека турскиот народ е покрај својата фудбалска репрезентација.

Тој посака од Нихат Оздемир да им ја пренесе неговата порака на техничката екипа и на фудбалерите која гласеше: „Нашиот селектор Шенол Ѓунеш и нашите фудбалери нека бидат максимално мотивирани и концентрирани на натпреварот. Турскиот народ е со нив.“

Претседателот на Турската фудбалска федерација (ТФФ) Нихат Оздемирво телефонскиот разговор исто така му се заблагодарил на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за неговата доставена поддршка до турската фудбалска репрезентација.

Во меѓувреме, и министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу соопшти дека во знак на изнесување на својата поддршка на Турската фудбалска федерација (ТФФ) и на турската фудбалска репрезентација во придружба на многучлена делегација денеска ќе отпатува за Исланд каде што ќе ги бодри турските фудбалери на утрешниот натпревар во групата „Х“ од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020).



Слични вести