МНР на Турција: Ако одлуката за апсење на персоналот на бродот Фатих е точна ќе го дадеме потребниот одговор

Портпаролот на МНР Хами Аксој одговори на вестите околу тоа дека кипарско-грчката управа донела одлука за апсење на персоналот на бродот за дупчење Фатих во Источниот Медитеран

1216037
МНР на Турција: Ако одлуката за апсење на персоналот на бродот Фатих е точна ќе го дадеме потребниот одговор

Турција соопшти дека доколку кипарско-грчкиот дел се осмели да делува изоставувајќи ги од вид и одземајќи ги насилно правата на кипарските Турци ќе му биде даден потребниот одговор.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој даде изјава во врска со вестите околу тоа дека кипарско-грчката управа донела одлука за апсење на персоналот на бродот за дупчење Фатих.

Велејќи  "Доколку е точна оваа одлука на кипарско-грчкиот дел со која ја пречекорува својата граница негирајќи ги притоа кипарските Турци и одземајќи ги насилно нивните права, таа ќе нема никакво значење и  никаква валидност од наш аспект", Аксој истакна дека доколку се покаже таа смелост никој не треба да има сомневање во тоа ќе биде даден потребниот одговор. 

Хами Аксој продолжи со следните зборови: "Донесувањето на една ваква одлука, со таканаречена потреба, за еден поморски простор за кој што кипарско-грчкиот дел тврди дека му припаѓа и кој што  е е разграничен согласно меѓународното право, не е во усогласеност и со меѓународното право. Затоа и ние заедно со нашите надлежни институции ќе ги започнеме потребните контра правни процеси."

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој додаде: "Напорите на кипарско-грчкиот дел по пат на овие видови залудни методи за стопирање на активностите кои што ги реализираме во нашиот сопствен континентален гребен, нема да вродат никаков резултат. Турција, ѝ за одбрана на своите права во сопствениот континентален гребен, ѝ за одбрана на правата на кипарските Турци како рамноправен партнер на островот, ќе ги продолжи со одлучност онака како што е планирано своите активности за истражување/дупчење на нафта и природен гас."



Слични вести