Мевлут Чавушоглу во Ербил се состана со Нечирван Барзани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во градот Еррбил се состана со новоизбраниот претседател на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани

1215787
Мевлут Чавушоглу во Ербил се состана со Нечирван Барзани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по повод церемонијата на полагање заклетва на Нечирван Барзани кој беше избран за претседател на Регионалната курдска управа на Ирак отпатува за градот Ербил.

Чавушоглу на меѓународниот аеродром во Ербил беше пречекан од страна на Нечирван Барзани, амбасадорот на Турција во Багдад Фатих Јилдиз и други функционери.

Чавушоглу на аеродромот одржа средба со новоизбраниот претседател на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во градот Ербил се очекува да се состане и со ирачкиот претседател Бархам Салих, потсекретарот на агенцијата за безбедност на Регионалната курдска управа на Ирак Месут Барзани и со претседателот на Ирачкиот туркменски фронт Ершат Салихи.



Слични вести