Чавушоглу: „Неприфатливо е неповолното однесување и намерно чекање на фудбалерите“

Фахреттин Алтун: „Ги осудувам одговорните и во оваа прилика потенцирам дека активно ќе ги следиме случувањата“

1215866
Чавушоглу: „Неприфатливо е неповолното однесување и намерно чекање на фудбалерите“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека неприфатливо е неповолното однесување и намерно чекање на фудбалерите на турската репрезентација на аеродромот во исланд.

По трите квалификациони натпревари за Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020 на кои освои 9 поени, турската фудбалска репрезентација отпатува за Исланд каде што ќе го одигра последниот четврти натпревар во Х групата.

Репрезентацијата која со специјален авион отпатува за Исланд за жал пречекана на недостоен начин.

Безбедносните сили по неколкупати ги пребаруваа куферите и ташните на турските фудбалери, поради што репрезентативците дури по цели два часа можеа да преминат на пасошка контрола.

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во објавата преку профилот на твитер истакна дека од дипломатски аспект навистина неприфатлив е начинот на однесување на кој беа изложени репрезентативците. Граѓаните не треба да се сомневаат дека ќе бидат преземени сите мерки.

Претседателот на управата за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун во објавата преку профилот на твитер истакна дека начинот на однесување на Исланд кон турските репрезентативци се коси со дипломатската учтивост и спортското џентлменство. Ги осудувам одговорните и во оваа прилика потенцирам дека активно ќе ги следиме случувањата.

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин во објавата преку профилот на твитер истакна дека неприфатливо е непочитувањето во Исланд и дека ќе бидат преземени потребните чекори на тоа поле. Турција започна со потребните иницијативи. Државата и граѓаните се на страната на репрезентацијата.

Турските фудбалери најубавиот одговор ќе го дадат на натпреварот, рече Калин.

Портпаролот на владејачката АК партија Омер Челик во објавата преку личниот профил на твитер истакна:

„исландските власти се одговорни за неприфатливото, недолично однесување, неџентлменството и дипломатскиот срам. Она што беше спроведено врз турските репрезентативци во суштина претставува вид насилство. Исландските власти треба да се извинат поради ова примитивно однесување. Треба да фрлат конкретни чекори кои ќе ја надоместат грешката. Ги поздравуваме нашите фудбалери и сакаме да знаат дека целиот народ е со нив. Со постигнување победа согласно духот на спортот, веруваме дека ќе дадат најдобар одговор на примитивниот начин на однесување. Нашите срца бијат со срцата на нашите фудбалери.“



Слични вести