Церемонија со турско знаме и воен оркестар Мехтер во Њујорк, во САД

Во градот Њујорк во САД се одржа церемонија на кревање на турското знаме на јарболот, а потоа приреди концерт воениот оркестар на Турските вооружени сили Мехтеран

1215175
Церемонија со турско знаме и воен оркестар Мехтер во Њујорк, во САД
abd turk bayragi2.jpg
abd turk bayragi1.jpg

Во градот Њујорк во Соединетите Американски Држави (САД) се одржа церемонија на кревање на јарболот на турското знаме, а настапи и воениот оркестар Мехтер. 

На одржаната церемонија во Боувлинг Грин Парк во Менхетен, во Њујорк присуствуваа и министерот за правда Абдулхамит Ѓул и заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран, како и амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич, постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу и генералниот конзул на Турција во Њујорк Алпер Акташ и претставници на турската заедница во САД.

На отворањето на церемонијата говореше министреот за правда Абдулхамит Ѓул кој истакна дека оваа церемонија која веќе е традиционализирана е едната од симболизираните церемонии на единството и заедништвото на американско-труската заедница.

Нагласувајќи дека турското знаме секогаш ја претставувало независноста на турската заедница, министерот Абдулхамит Ѓул рече: „Турското знаме секогаш било симбол кој што го опфаќа единството и заедништвото на целата турска заедница и турските граѓани, како во Република Турција, така и на целокупната турска заедница во целиот свет. Она кое што не обединува нас е нашето знаме. До судниот ден секогаш ќе бидеме единствени и обединети, ќе продолжиме да живееме под сенката на ова знаме.“

По кревањето на турското знаме на јарболот, приреди концерт воениот оркестар на Турските вооружени сили Мехтеран.

Воениот оркестар настапи на светски познатиот плоштад Тајмс и во Централ Парк, а потоа приреди концерт и во рамките на Американско-турскиот ден што се одржа пред Општината Бруклин.



Слични вести