Едниот од 5-те неутрализирани терористи во Лиџе е од „сивата категорија“ на барани терористи

Вчера во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир беа неутрализирани 5 мина терористи на ПКК од кои еден се наоѓаше во сивата категорија на барани терористи со парична награда од 300 илјади турски лири (51 илјада долари)

1215212
Едниот од 5-те неутрализирани терористи во Лиџе е од „сивата категорија“ на барани терористи

Едниот од 5-те неутрализирани терористи припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во реализираната операција на 3 јуни, во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир во југоисточниот дел на земјата, се наоѓа во „сивата категорија“ на барани терористи.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за внатрешни работи се вели следното: „Установено е дека едниот од 5-те неутрализирани терористи во реализираната операција на 3 јуни во рамките а операциите за воспоставување на внатрешната безбедност, во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир, е лицето по име Јусуф Кајран познат под кодното име 'Зинар Акро' кој се наоѓаше во сивата категорија на барани терористи со награда од 300 илјади турски лири (приближно 51 илјада долари).“



Слични вести