Честитки од претседателот Ердоган и министерот Чавушоглу до турската фудбалска репрезентација

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и честитаа на турската фудбалска репрезентација за извојуваната историска победа над Франција

1215125
Честитки од претседателот Ердоган и министерот Чавушоглу до турската фудбалска репрезентација

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и честита на турската фудбалска репрезентација која на синоќешниот натпревар од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) извојува победа над последниот светски шампион Франција со резултат од 2:0.

По оваа историска победа на турските фудбалери претседателот Реџеп Тајјип Ердоган сподели порака со честитка на својата сметка на социјалната медија. 

Ердоган во својата порака напиша: "Честитки Турција!" и ја сподели победоносната фотографија на турските фудбалери.

Освен тоа претседателот Ердоган по натпреварот го побара по телефон претседателот на Турската фудбалска репрезентација Нихат Оздемир на кого му честита за извојуваат победа, а им честита и на фудбалерите и техничкиот директор Шенол Ѓунеш. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така им честита на Турската фудбалска репрезентација ја победата над последниот светски шампион Франција.

Чавушоглу во објавата што ја сподели на својата сметка преку социјалната мрежа Твитер напиша: "Силни сме и на терен и на маса! Чувствуваме понос со нашата репрезентација која го победи последниот светски шампион Франција. Teşekkürler (Честитки) #MilliTakım (#НационалнаРепрезентација) Teşekkürler (Честитки) #Konya (#Конја)."



Слични вести