Продолжуваат операциите против терористите внатре во земјата и преку границата

Во операција во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир се неутрализирани двајца терористи на ПКК, а во воздушни операции на северот на Ирак се уништени терористички цели

1214900
Продолжуваат операциите против терористите внатре во земјата и преку границата

Во реализирана операција поддржана и од воздух во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир се неутрализирани двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, Турските вооружени сили (ТВС) реализираа операција подржана и од воздух во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир.

Во операцијата беа неутрализирани двајца терористи на ПКК.

Од друга страна во реализирани прекугранични воздушни операции на областите Хакурк, Авашин-Басјан и Зап во северниот дел на Ирак беа уништени засолништа, скривници и складишта за муниција на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести