Претседателот Ердоган беше сведок на венчавката на фудбалерот Месут Озил

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган заедно и со својата сопруга Емине Ердоган беше сведок на венчавката на поранешниот репрезентативец на Германија и фудбалер на Арсенал Месут Озил и Амина Ѓулше, поранешна убавица на Турција

1215052
Претседателот Ердоган беше сведок на венчавката на фудбалерот Месут Озил

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беше сведок на венчавката на поранешниот фудбалски репрезентативец на Германија од турско потекло кој моментално игра за англиски Арсенал Месут Озил и на Амина Ѓулше, поранешна убавица на Турција.

На венчавката што се одржа во хотелот „Четири сезони“ (Four Seasons) во населбата Бешикташ во Истанбул присуствуваше и сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на младенците им посака многу радост и среќа во бракот.

На венчавката присуствуваа и голем број познати лица од светот на спортот.

Познатиот фудбалер Месут Озил во овој негов радосен ден не ги заборави и оштетените од војната и раздаде храна за 16 илјади лица. 

Според соопштението на турската Црвена полумесечина Кизилај, Месут Озил за кујните на Кизилај донираше да им се раздаде храна на оштетените од војната кои се сместени во бегалските кампови во Сирија и Турција.

Претседателот на Турската Црвена полумесечина Кизилај Керем Киник преку својата сметка на социјалната медија му се заблагодари на познатиот фудбал и му посака многу радост и среќа во бракот. 



Слични вести