Пофалби од Путин за турско-руската соработка на полето на енергијата

Рускиот претседател Владимир Путин упати пофалба за турско-руската соработка поготово на полето на енергијата

1214977
Пофалби од Путин за турско-руската соработка на полето на енергијата

Рускиот претседател Владимир Путин во говорот што го одржа на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург направи проценка на соработката на Турција и Русија на полето на енергијата. 

Путин упати пофалба на турско-руската соработка во врска со што спротивно на проектите Јужен тек и Северен тек стави акцент на успешната соработка помеѓу двете земји во проектот Турски тек.

"Со Турција се договоривме по прашањето Турски тек и благодарение на политичката волја на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и надгледувањето на независноста на сопствената земја проектот многу брзо дојде во фаза на реализација. Во наредните месеци проектот ќе почне да функционира. Нашите европски пријатели ако сакаат сега ќе го купуваат природниот гас од друга рута." - рече Путин.

Привлекувајќи внимание дека некои земји во Европа не можат да донесат одлука самите, рускиот претседател Владимир Путин рече: "На некои земји им се ограничува независноста. Сега пак со проектот Турски тек ќе се разноличат патиштата за испорака на природен гас во Европа." 

Путин потсети дека гасоводниот проект Јужен тек за кој се планира да поминува преку Бугарија е откажан поради притисокот на Европа и го додаде следното: "Поради откажување на проектот Бугарија претрпе загуба од инвестиции во износ од 3 милијарди долари и можност за вработување на илјадници лица. Тоа беше тажна состојба за сите."



Слични вести