Претседателот Ердоган: Одлучни сме да ги одбраниме до крај правата на нашите сонародници на Кипар

„Нема да дозволиме да им се одземат правата на нашите кипарски сонародници. Одлучни сме да ги одбраниме до крај нивните права во ексклузивните економски зони“ - порача претседателот Ердоган по прашањето на тензичната состојба во Источниот Медитеран

1214727
Претседателот Ердоган: Одлучни сме да ги одбраниме до крај правата на нашите сонародници на Кипар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадена изјава за новинарите направи проценка на „затегнатоста за природниот гас“ во Источниот Медитеран која што се зголемува од страна на кипарско-грчкиот дел.

Тој рече: „Нема да дозволиме да им се одземат правата на нашите кипарски сонародници.“

Ердоган нагласи дека онака како што Јужен Кипар располага со свои права и се обидува да ги искористи ресурсите во регионот на ист начин согласно меѓународното право тоа претставува право и на турските сонародници (Турците) кои живеат во Северен Кипар.

„Да не извинат, но ние нема да дозволиме да бидат одземени овие права од страна на оние кои немаат никаква врска и никаква поврзаност. Ние моментално, сме одлучни да ги одбраниме до крај правата особено на моите браќа од Северен Кипар, на нашите турски сонародници, во ексклузивните економски зони. Затоа моментално, било нашите бродови за дупчење кои што ги купивме, било нашите бродови за истражување (пребарување), пристигнуваат во регионот. Во точката на нивната одбрана на ист начин фрегатите на нашите вооружени сили, сите тие се во регионот.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 

 



Слични вести