Хулуси Акар во обиколка на единиците на границите на Турција со Иран, Нахчиван и Ерменија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во градот Игдир беше во обиколка и контрола на пограничната единица задолжена за безбедноста на границите на Турција со Иран, Нахчиван и Ерменија

1214769
Хулуси Акар во обиколка на единиците на границите на Турција со Иран, Нахчиван и Ерменија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на родовите, командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Кучукакјуз, замина за градот Игдир на крајниот источен дел на земјата.

Министерот Акар овде беше во обиколка и контрола на пограничната единица задолжена за безбедноста на границите на Турција со Иран, Нахчиван и Ерменија.

Хулуси Акар беше информиран детално во врска со работите во Командата на 5. пограничен полк.

Акар истакна дека во рамките на терористичките активности, обидите за премин и префрлување и илегалната миграција постојат обиди за илегално префрлување од границата со Иран на териториите на Турција, поради што укажа на значењето од непрекинато преземање и реализација на неопходните мерки за спречување на сиве овие активности.

Велејќи „Нашето очекување од вас е големо; Да бидат непременливи нашите граници. Тоа е од суштинско значење. Било да станува збор за терористи, било за илегална миграција, на крај сето тоа значи илегален премин.“, министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека против нив ќе бидат искористени на најефикасен начин сите расположливи средства и со искористување на сите видови можности овие премини ќе бидат сведени на нула. 

„До денеска го направивме сето она што можеме за воспоставување на безбедноста на границите и со ист елан и иста одлучност ќе продлжиме да го правиме и во иднина. Тоа ќе продолжиме да го правиме во склопот на начинот на сфаќање 'границата претставува чест' “. - рече Акар.

 



Слични вести