Порака од Чавушоглу до муслиманите од Аракан: Турција секогаш ќе биде покрај вас

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го побара преку видео телефон доктор Метин Аџиел, главниот лекар на турската полска болница во областа Cox's Bazar во Бангладеш каде што се наоѓаат на лекување муслиманите Рохинга од Аракан од Мјанмар

1214365
Порака од Чавушоглу до муслиманите од Аракан: Турција секогаш ќе биде покрај вас

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари видео телефонски разговор со муслиманите од Аракан од Мјанмар кои се наоѓаат на лекување во турската полска болница во Бангладеш.

Чавушоглу го побара преку видео телефон доктор Метин Аџиел, главниот лекар на турската полска болница во областа Cox's Bazar во Бангладеш каде што се наоѓаат на лекување муслиманите Рохинга од Аракан, Мјанмар.

Притоа министерот Мевклут Чавушоглу истакна дека Турција нема никогаш да ги остави сами муслиманите од Аракан и рече: „Нашите другари, турските лекари, нашата Управа за елементарни непогоди и итни состојби АФАД и нашата Црвена полумесечина Кизилај се секогаш покрај вас.“

Турската полска болница се состои од оддел со 50 легла и од 8 шатори и бамбу делови.

Во болницата во која дневно се примаат по илјада пациенти се пружа услуга со предпреглед и лекување од страна на 5 мина општи лекари од кои тројца од Бангладеш и двајца од Турција.

Во турската полска болница се пружа бесплатна здравствена услуга и во склопот на болницата работат приближно 20 лица.

Турската полска болница беше изградена во декември 2017 година за време на официјалната посета на тогашниот премиер Бинали Јилдирим на Бангладеш, а болницата почна да функционира во февруари 2018 година со церемонија на која присуствуваше и тогашниот министер за култура и туризам Нуман Куртулмуш.



Слични вести