Повик од Турција до Судан за умереност

Турција како досега така и во иднина ќе продолжи со помошта и поддршката на братскиот судански народ

1213362
Повик од Турција до Судан за умереност

По последните случувања во Судан, Турција упати повик до властите на оваа земја за што поскоро окончување на процесот на транзиција во земјата и задоволување на барањата на граѓаните како и што поскоро формирање на цивилна влада.

Во соопштението кое беше објавено од страна на МНР беше истакнато дека во период кога продолжуваат преговорите за политичката транзиција во братски Судан, информациите за прекумерна употреба на сила врз демонстрантите, жртвите и повредените беа прифатени со голема  загриженост.

За налага неопходна потреба за спречување на насилствата и продолжување на преговорите за постигнување национален консензус врз мировна основа а со цел да се постигне и заштити безбедноста и стабилноста на Судан.  Окончувањето на процесот на транзиција согласно очекувањата на суданскиот народ како и што поскорото формирање цивилна влада има големо значење.  Турција како досега така и во иднина ќе продолжи со помошта и поддршката на братскиот судански народ.



Слични вести