Ердоган: „Операцијата „Канџа“ продолжува со голема одлучност“

Од САД сеуште не пристигна некој задоволителен одговор во врска со нивното барање за откажување на Турција од откупот на воздушно-одбранбениот систем С-400

1213578
Ердоган: „Операцијата „Канџа“ продолжува со голема одлучност“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека операцијата „Канџа“ против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето Хакурк на северот на Ирак продолжува со голема одлучност и дека нема никакви отстапувања.

По бајрамскиот намаз во Истанбул, претседателот Ердоган одговараше на прашањата на новинарите во вска со актуелните случувања.

Во врска со операцијата „Канџа“ Ердоган рече:

„Продолжува операцијата „Канџа“. Нема никакви отстапувања. Операцијата продолжува со голема одлучност. Операцијата ќе продолжи се додека не бидат уништени терористите во подрачјето“.

Во освртот на откупот на воздушно-одбранбениот систем С-400 од Русија, Ердоган рече:

„Турција постигна договор на тоа поле. Станува збор за нашата одлучност и нема враќање од постигнатиот договор“.

Од САД сеуште не пристигна некој задоволителен одговор во врска со нивното барање за откажување на Турција од откупот на воздушно-одбранбениот систем С-400.

Од друга страна пак во врска со повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за примирје во Идлиб, претседателот Ердоган рече дека остварил разговори со рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп за изнаоѓање решение на прашањето.

Турција моментално продолжува со средбите со сите земји и ги изнесуваме нашите ставови во врска со состојбата во Идлиб, Мунбич и источната страна на Еуфрат.

Нашата чувствителност во однос на наведените прашања продолжува со иста одлучност. Исто така ќе продолжи и во наредниот период“ рече претседателот Ердоган.



Слични вести