Турски воени авиони погодија терористички цели на северот на Ирак

Турски воени авиони реализираа воздушна операција на областа Зап во северниот дел на Ирак во која се погодени цели на терористите кои биле користени како наоружана позиција, засолниште, скривница и складиште за муниција

1212550
Турски воени авиони погодија терористички цели на северот на Ирак

Во реализирана воздушна операција на областа Зап во северниот дел на Ирак се погодени цели кои од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК биле користени како наоружана позиција, засолниште, скривница и складиште за муниција.

Во објавеното соопштение преку сметката на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека координирано со операцијата "Шепа" која што продолжува е реализирана прекугранична воздушна операција на северот на Ирак.

Во соопштението се вели дека во тие рамки во операцијата на областа Зап се погодени цели на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои биле користени како наоружана позиција, засолниште, скривница и складиште за муниција.

Од друга страна, е објавена и видео снимка во врска со активностите на командосите кои учествуваат во копнената операција.

Видео снимката на која се гледа како еден целосно опремен командос се искачува по стрмните карпи е споделена под насловот "Нашите командоси на задача во операцијата Шепа, продолжуваат да ја реализираат својата задача со елан и одлучност на надморска височина од 3.000 метри, на студ од -10 степени целзиусови и на стрмни карпи."



Слични вести