Сочувство од Турција до Ирак поради загинатите во бомбашките напади во Киркук

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дознаено за реализираните бомбашки напади вчера во градот Киркук во Ирак во кои има загинати и ранети

1211726
Сочувство од Турција до Ирак поради загинатите во бомбашките напади во Киркук

Турција го изрази своето сочувство до Ирак поради загинатите во бомбашките напади кои што беа реализирани вчера во градот Киркук.

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дознаено за реализираните бомбашки напади вчера во градот Киркук во Ирак во кои има загинати и ранети.

Во сооопштението се вели следното: „Жестоко ги осудуваме овие гнасни терористички напади чија цел претставува културата на заедничко живеење (соживот) во мир на различните етнички и верски групи. Го изразуваме нашето сочувство до пријателскиот и братски ирачки народ, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, а на ранетите побрзо оздравување. Нашето верување е целосно во однос на тоа дека овие видови кукавички напади нема да ја потресат волјата на народот во Киркук која што ја презентира во правец на заедничкото живеење во мир, спокојство и доверба, како и во правец на придонесување кон просперитетот и спокојството на Ирак.“

Инаку, во шесте бомбашки напади кои што беа реализирани едно по друго вчера од страна на терористичката организација ДЕАШ во различни места на градот Киркук во Ирак, загинаа 4 лица, а 15 мина беа ранети.

 

 



Слични вести