Песков: Не постои разлика во ставовите на Русија и Турција по прашањето на Идлиб

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека не постои разлика во ставовите на Русија и Турција по прашањето на градот Идлиб, во Сирија

1212202
Песков: Не постои разлика во ставовите на Русија и Турција по прашањето на Идлиб

Портпаролот на Кремљ (претседателскиот дворец на Русија) Дмитриј Песков направи проценка на синоќешниот остварен телефонски разговор помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Песков истакна дека не постои разлика во ставовите на Русија и Турција по прашањето на градот Идлиб, во Сирија.

Велејќи дека помеѓу двете земји не постои разлика во ставовите во однос на решавањето на прашањето со Идлиб, Песков рече: „Мора да го воспоставиме прекинот на огнот во ова подрачје. Треба да бидат сопрени нападите на местата каде се наоѓаат руските војници, вклучувајќи ги Химејмим и Идлиб“.

Песков се осврна и на набавката на противвоздушно одбранбените системи С-400 од страна на Турција од Русија, во врска со што рече: „Овој договор апсолутно важи и е во фаза на имплементација. Турција низа пати ја потврди својата приврзаност кон овој договор.“ 

Инаку, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во синоќешниот остварен телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин истакна дека е потребно што поскоро да се воспостави прекин на огнот во Идлиб и потоа повторно да се фокусира на процесот на политичко решение.



Слични вести