Демант од Турција за тврдењата околу тоа дека е одложена набавката на одбранбените системи С-400

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој истакна дека  вестите околу тоа оти Турција го разгледува одложувањето на набавката на ротиввоздушно одбранбените системи С-400 од Русија не ја одразуваат вистината

1211859
Демант од Турција за тврдењата околу тоа дека е одложена набавката на одбранбените системи С-400

Турција ги демантира тврдењата околу тоа оти е одложена набавката на противвоздушно одбранбените системи С-400 од Русија.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој истакна дека  вестите околу тоа оти Турција го разгледува одложувањето на набавката на противвоздушно одбранбените системи С-400 од Русија не ја одразуваат вистината.

Аксој одговараше на едно поставено новинарско прашање во однос на вестите кои се појавија во некои информативни органи, а во врска со тоа дали Турција го разгледува одложувањето на набавката на С-400.

Тој рече: „Вестите кои што се објавуваат во некои информативни органи околу тоа дека на барање на САД, Турција го разгледува одложувањето на набавката на С-400, не ја одразуваат вистината. Нашиот процес за набавка на С-400 од Русија се одвива според планираното.“

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој напомена дека се уште важи предлогот на Турција доставен до органите на САД за формирање Работна група која ќе ги истражува грижите на САД во однос на тоа дали системите С-400 можат да функционираат заедно (се компактабилни) со НАТО системите и дали би им наштетиле на системите на борбените авиони Ф-35.



Слични вести