Претседателот Ердоган го соопшти стратешкиот документ за реформа во судството

Ердоган истакна дека Турција со соопштување на документот за реформа во судството ја изнесува својата приврзаност кон процесот за полноправно членство во Европската унија (ЕУ)

1211352
Претседателот Ердоган го соопшти стратешкиот документ за реформа во судството

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на програмата на соопштување на стратешкиот документ за реформа во судството, во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара.

Ердоган истакна дека Турција со соопштување на документот за реформа во судството ја изнесува својата приврзаност кон процесот за полноправно членство во Европската унија (ЕУ).

„Во стратегијата за реформа во судството има две основни перспективи, 9 цели, 63 цели и 256 дејствија. Заокружувањето во најскоро време на процесот на преговорите со ЕУ кои што продолжуваат уште од 2005 година, веруваме дека колку што е значајно за нас исто толку е значајно и за Европа. Со овој документ за реформа ја изнесуваме нашата приврзаност кон процесот за полноправно членство во ЕУ.“ - рече Ердоган.

Велејќи „Со овој документ презентираме нови приоди по прашањето на зајакнувањето и унапредувањето на слободата на изразување“, претседателот Ердоган рече: „Фрламе нови чекори во правец на воздржаното искористување на мерката за апсење.“

Ердоган истакна дека со цел да се обезбеди побрзо и ефикасно водење на судските постапки во сферите како што се екологијата, изградбата и енергијата се формирани специјални судови.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно ддоаде дека се планира времетраењето на студирањето право на факултетите да се зголеми на 5 години.



Слични вести