Во операцијата „Шепа“ на северот на Ирак досега се неутрализирани 15 терористи

Министерството за национална одбрана преку социјалната мрежа Твитер соопшти дека во операцијата „Шепа“ („Pençe“) која што се реализира на областа Хакурк во северниот дел на Ирак, досега се неутрализирани 15 терористи

1210172
Во операцијата „Шепа“ на северот на Ирак досега се неутрализирани 15 терористи

Бројот на неутрализираните терористи во операцијата „Шепа“ („Pençe“) која што се реализира на областа Хакурк во северниот дел на Ирак, досега изнесува 15.

Во соопштението објавено од страна на Министерството за национална одбрана преку социјалната мрежа Твитер се истакнува дека продолжува успешно како што е и испланирано oперцијата „Шепа“ („Pençe“) која што беше започната на 27 мај на областа Хакурк, на северот на Ирак.

Во соопштението се вели дека во тие рамки во операцијата која што продолжува со поддршка на артилериски оган од копно и офанзивни хеликоптери и воени авиони од воздух, како последно се неутрализирани уште 6 мина терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

„На тој начин бројот на неутрализираните терористи од почетокот на операцијата досега изнесува 15. Нашите командоски единици ги продолжуваат активностите за утврдување и уништување на засолништата, пештерите и наоружаните позиции на терористичката организација.“ - стои во соопштението.

Освен тоа во објавеното соопштение се споделени и видео снимка и фотографии од една пештера на терористите во која влегле турските командоси во рамките на операцијата.



Слични вести