Претседателот Ердоган се состана со ирачкиот претседател Бархам Салих
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа во Дворецот Вахдеттин во Истанбул се состана со ирачкиот претседател Бархам Салих

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа во Истанбул се состана со ирачкиот претседател Бархам Салих кој вчера приквечер допатува во работна посета на Турција.
Средбата се одржа во Дворецот Вахдеттин, траеше приближно еден час и беше затворена за медиумите.
На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан.
Потоа претседателот Ердоган приреди ифтар во чест на ирачкиот претседател Бархам Салих.
На ифтарот присуствуваа и сопругата на претседателот Ердоган, госпоѓа Емине Ердоган и сопругата на ирачкиот опретседател Бархам Салих, госпоѓа Сарбаг Салих.
Слични вести

Ердоган утре ќе го објави Акциониот план за човекови права
Крајната цел на планот е „да се направи нов и граѓански устав“