Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со Трамп

Главна тема на разгзоворот беа билатералните односи

1210708
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со Трамп

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателот на Управата за комуникации при претседателството Фахретин Алтун во објавата во врска со деталите на разговорот што ја објави преку профилот на твитер го истакна следното:

„Претседателот Реџеп Тајип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп денес остварија телефонски разговор. Главна тема на разговорот беа билатералните и регионални односи. Во врска со набавката на воздушно одбранбениот систем С-400 од Руската федерација кој Турција планира да го набави како резултат на потребата за заштита на националната безбедност, претседателот Ердоган во оваа рилика го повтори предлогот за формирање заедничка работна група.“

Алтун во објавата меѓудругото додаде:

„На разговорот беше изразно задоволство од укинувањето на дополнителните тарифи во челичниот сектор. Оваа одлука ќе одигра поволен придонес во постигнувањето на трговската цел за остварување билатерална трговија во износ од 75 милијарди долари.“

Фахретин Алтун меѓудругото рече дека двајцата лидери постигна аконсензус за остварување тет-а тет средба на претстојниот самит на Г-20 во Јапонија кој се планира да се одржи на 28 јуни во Јапонија.

 



Слични вести